Планинарство

Да се занимавате со планинарство значи запознавање на убавините на земјата,откривање на сопствените духовни богатства и запознавање на внатрешните способности.Планинарењето не е само бесцелно лутање по планина и освојување на врвови, тоа е начин и стил на живот поврзано со низа на доброволни активности кој на современиот градски човек животот му го прават поубав, поздрав и поинтересен.Човекот не е само материјално битие и неговиот живот не се состои само од земање храна и натрупување на материјални вредности, човекот има потреба од и од духовен живот кој е основен покренувач на сите ментални процеси во нашиот организам.Има безброј начини и места каде што човекот можи да ја обнови својата духовна енергија,но одењето во планина тоа го прави на незамелив начин.

Со постепеното планинарење се стекнуваат некои особини кои понатаму се усовршуваат тоа се: храброст,издржливост,истрајност,одлучност,самостојност и принципиелност.Како поим планинарството има широко значење и опфаќа повеќе области и тоа: рекреативно или излетничко планинарење од најобични излети во близина на местото на живеење, до спортско рекреативно планинарење , високогорство алпинизам,спортско качување,спелеологија и планинарска орентација.Со кои од планинарските спортови ќе се занимава некој човек зависи од неговите желби и неговите можности,но за сите е заедничка планината затоа што сите се одвиваат на неа.

Една од предностите да се биде член на Планинарски клуб е тоа што новите членови ќе добијат основна обука за движење низ планина,дружење со постари и поискусни планинари,водичи во планина и високогорци.

Во склоп на клубот функционира планинарската секција која е задолжена за инволвирањена млади љуѓе,промоција на планинарството и обука на нови членови.

За повеќе информации пишете ни на нашиот е-маил: psk.dimitarilievski.murato@gmail.com