Зачлени се

Член во Планинарскиот Спортски Клуб може да биде секој , љубител на планината и природата кој доброволно ќе пристапи кон Планинарскиот Спортски Клуб.

Зачленувањето во Планинарскиот Спортски Клуб се врши со пополнување на  пристапница за малолетни потребна е да се достави и согласност од родител, потоа потребно е да се дојде на неколку тури организирани од нас ,во согласност со постарите членови за ваше членство или со препорака на некој од нив следен чекор е уплата  за годишна членарина од 500ден. за малолетни 250 ден.со вклучено осигурување, на сметка:

  • Прима:П.С.К. Димитар Илиевски-Мурато.
  • Комерцијална банка ж-сметка: 300060000056778.
  • Уплата за чланарина за 20..год.

Како полноправен член добивате  планинарска книшка и сте обврзани да направите и да доставите потврда од направен  преглед во спортска медицина. Потоа секој нов член треба да ја помини и заврши основната планинарска обука во летни и зимски услови. Клубот располага со планинарска литература која е достапна за секој член. 

За реобнова на членството секоја година цената е 500ден. за малолетни членови е 250ден.

За членови кои немаат уплатено чланарина повеќе од 2 год. потребно е пред уплатата да не контактираат на емаил за понатамошни инструкции.

планинарска книшка