За Нас

Планинарскиот Спортски Клуб “ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО” од Битола е Здружение формирано со слободно здружување на граѓаните, со една цел за популаризирање  на планинарските спортови и инволвирање на млади планинари.

Oсновачко собрание за прв пат е одржано во 1998 год. По иницијатива на постари планинари од Битола и во спомен за Мурато регистрирано е како Планинарско друштво “Димитар Илиевски -Мурато”.

Со текот на годините поради неактивност друштвото не функционираше, а подоцна и промените во законот кои се случија друштвото беше избришано од регистрите и беше потребно целосно реактивирање. Тоа се случи на основачкото Собрание кое се одржа на 15.02.2010г. во Битола. По иницијатива на Јонче Илиевски заедно со Саша Грбиќ и Стефан Петровски. Денес сме регистрирани како Здружение на граѓани Планинарски Спортски Клуб „Димитар Илиевски- Мурато“ и сме дел од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија.Нашиот клуб денес ја продолжува традицијата на спортско планинарење во Битола и Македонија.Клубот од основањето до денес има  членови од кои поголемиот дел се доста активни, меѓу нив има искусни ветерани планинари и околу 20 високогорци кои имаат качено врвови над 4000мнв. Посечната старост на членовите на клубот е 30г. За краток период од основањето од клубот се појавија неколку генерации на планинари и високогорци кои  имат направено доста успешни планинарски искачувања во земјата и надвор од неа Освен планинарските искачувања други активности во рамките на клубот се: организирање на изложби на слики, крводарителни акции,учество во доброволно чистење на Пелистер,промоција на Пелистер како туристичка дестинација,маркирање чистење на нови патеки како проектот.Balkan hiking adventure.Некои поголеми планинарски и високогорски искачувања на наши членови се:

  • Монт Блан 4810м, Франција 2010,2012,2013,2014год.

  • Гран Парадисо, 4061м Италија 2011г.

  • Исланд Пик 6189м.Непал Хималаи 2011г.2014год.

  • Олимп, 2918м Грција

  • Мусала, 2925м Бугарија

  • Пирин, Бугарија

  • Триглав, 2864м Словенија

  • Моунт Казбек 5047м Грузија 2012г.

  • Глосглокнер 3798м.Австрија 2012г.2015год.

  • Матерхорн 4478м.Швајцарија 2013г.

  • Килиманџаро 5895м. почеток на 2014г.2016год.

  • Пунта пениа Италија 2015год.

  • Елбрус 5642мнв. 2016год.
    Денес нашите бројни активности се насочени кон инволвирање на млади планинари, нивна обука и тренинг за поголеми предизвици, без разлика дали ќе се бават со рекреативно планинарство или спортско планинарење, високогорство, како и зачувување на традицијата на предходните генерации планинари кои ја прославија Битола и Р.Македонија.

.