Прекрасни временски услови за деновите 16-17-09.Сабота и Недела резервирани за тура на Пелистер.Планираната тура ние  патеката по камењарот.Тргнуваме со Иван и Оливер во 15.00ч.од пред хотел Молика за околу 20-тина минути пристигнуваме кај поранешниот пл.дом Копанки од тука има 2 опции за качување по камењар една подолга оди во правец кон Јоргов камен југоисток -југ,и се исклучува пред Магаревска река

и друга пократка се качува цело време по гребенот над стазата од ски лифтот.

 

Ние одиме во шумата паралелно со стазата покрај бункерите над Копанки ги поминуваме малиот и големиот бункер ова е малку поблага но попријатна патека за движење и излегува на горната станица од ски лифтот.Времето е идеално за пешачење патеката по камењар е една од потешките патеки во Нп.Пелистер но скоро цело време во движењето има прекрасни погледи кон Битола, Пелагонија и околните врвови на Баба,Бигла планина итн.

На врвот сме за околу 4ч.горе не пречекаа колегите Васко и Марјан со топла супа и кафе.Од врвот се спуштаме кон пл.дом ловечка таму се веќе Миле,Коче,Сашо и Васко кои во текот на денот работеа на монтажи на врати во објектот,ние пристигнуваме околу 20.00ч. точно за на вечерата која веќе беше спремна и поставена и како што е редот некоја чашка ракија и вино со вечерата го завршуваме овај ден.

 


Следниот ден Недела одиме за село Арвати од Преспанска страна. Пл.дом Широка се наоѓа на добра позиција на планината за комбинирање на тури кои поретко се врват пр. по долината на Маловиште до с.Маловишта манастир Сливница Преспа с.Арвати Преспа итн.

 


После раскрсницата за големо езеро и врвот Пелистер се спуштаме према местото викано два гроба од тука се отвора прекрасен поглед на долината кон Маловиште и Арвати и цело време како што се спуштаме се гледа голем дел од Преспанското езеро.Одиме по патеката која е под врвот Голема Чука после се губи на некои места поради големата трева па решивме да се спуштиме дирекно кон шумата и бачилото во интересна висока букова шума со високи дрва слични како што расти Моликата.Од бачилото па се до селото одиме по макадам пат по долината на реката Шара позната како Арватска и Кранска.

 


Арвати мирно и многу чисто село средени улици исто така има и зачувани куќи со стара градба.

 

 

Превозот за Битола го чекаме во коперацијата „Перо наш“ домаќинот Перо не почасти со негово домашно кравјо сирење и домати кои беа со прекрасен вкус.

 

Така ја завршуваме турата за овој викенд задоволни од временските услови и задоволни што испадна се како што беше планирано.

Текст:Јонче Илиевски Фотографии на Иван Трпков.