Планираната тура за Триглав моравме да ја одложиме поради неповолните временски услови но за престојниот продолжен викенд решивме турата да ја пренамениме за искачување на Рила ,планина во соседна Бугарија.Рила—наjвисока планина на Балканскиот Полуостров.Таа се наоѓа во југозападниот дел на Бугарија, и во северозападниот крај на Рилско-родопскиот Масив.

Највисокиот врв на Рила планина е Мусала, и со своите 2.925 м. е и највисокиот врв на Балканскиот Полуостров.

Планот е посета на 7 рилски езера,искачување на Маљовица и врвот Мусала 2925мнв.Од Битола кон Бугарија тргнавме една кола во Сапарева бања бевме во раните утрински часови за денес планинираната тура ни е да ги поминиме 7-те Рилски езера и да продолжиме до врвот Маљовица и да ноќеваме во хижа Маљовица.

Тргнавме од паркингот кај скилифтот колата ја оставивме на паркингот.Ги поминуваме сите езера: Долно езеро, Рибно езеро, Тролисник, Близнак, Бубрег, Око и Солза Ова е доста посетуван регион можеше да се забележат рекративци,планинари. За разлика од кај нас Бугарите имаат доста поразвиена планинарска култура и традиција со добро развиена инфраструктура планинарски домови патеки итн.

Од езерото Солзата продолжуваме кон звончето па преку Додов врв. Продолжуваме кон врв Маљовица времето е идеално и одиме со умерено темпо со уживање на погледите кон Рилски манастир околни врвови и езера.Маљовица сме околу 14ч.тука правиме пауза се сликаме со знамето на Македонија денешниот ден ни се софпаѓа со денот на независноста на Македонија 8.септември.Прекрасни погледи кон долината на

 

Маљовица,Маљовишко езеро,Еленско езеро.Се спуштаме во хижа Маљовица каде ја завршуваме денешната тура со заслужена награда Каменица.
Саботата прогнозата е дека ќе биде нестабилно.Рано наутро од хижата се враќаме кон паркингот кај ски лифтот на 7рилски езера каде ја оставивме колата.Патеката ја поминавме за околу 3,30ч.преку хижа Вада интересен и доста пријатен предел за пешачење.


Од паркингот правиме тренсфер до Боровец ја користиме гондолата до Јастребец поради нестабилното време во секое време се очекуваа врнежи до дожд.Само што се сместивме во Хижа Јастреец почна да врни да турва со силен ветер,бевме принудени да останиме во ресторанот од Хижата и да чекаме да преврни за да се префрлиме во собите за спиење.


Неделата времето сонце небото плаво без ниеден облак тргнуваме кон Мусала врвот го качивме за околу 2,30ч. И скоро да немаше никој пред нас но затоа на слегување имаше толку многу планинари и рекреативци истто како кај нас да има организиран пл.марш а кај нив е само обична Недела.

Исполнети со прекрасните погледи од врвот Мусала 2925мнв. Продолжуваме кон Македонија успат користиме прилика да вечераме Штипска пастрмалија и така се здрави живи и сити се враќаме кон Битола .

Текст:Јонче Илиевски фотографии: Иван Трпков