Казбек со своите 5033м.е трет врв по височина во Грузија после Mount Shkhara and Janga и втора по висина вулканска планина после Елбрус на масивот Кавказ.Во периодот од 03.04.до 05.04.Јонче Илиевски член на ПСК.Д.И.-Мурато Битола заедно со Томица Котевски член на Пк.Кораб од Скопје го искачувaa врвот Казбек висок 5033м.со ски или Ски туринг.

Трансверот до Грузија го направивме преку аеродром Солун до градот Кутаиси, потоа со локален превоз во Тбилиси главниот град на Грузија пристигнавме во 17.00ч. по грузиско време,во Тбилиси ноќевавме по проверка на временска прогноза и другиподготовки следниот ден заминавме во селото Казбеги или Степансминда на 1730мнв. од тука започнува

искачувањето за Казбек.Со превоз џип до црквата Tsminda Sameba од 2017мнв. Го започнавме првиот дел од искачувањето со ски до домот Bethlemi 3670мнв. Времето беше на наша страна искачувањето беше преку преминот Arsha Pass и кон почетниот дел од глечерот Гергети каде се наоѓа и Bethlemi поранешна метеролошка станица која сега се користи како планинарски дом.Следните два дена во најава беше добро време решивме уште следниот ден да тргниме кон врвот. Тука не стигнаа и тројцата руси и понатаму кон врвот се движевме заедно глечерот, Гергети го поминуваме

 

претпазливо поради пукнатините покриени со снег.Стигнавме на платотото на 4500мнв. Тука заедно со Русите одлучивме да ги оставиме ските и да продолжиме кон врвот пешки со дерези.Поради издуваниот снег и замрзнатиот терен искачувањето можевме да го направивме но слегувањето ќе беше потешко и опасно.Така да и ние ги оставиме скиите на 4500мнв.

На врвот се искачивме околу 13.00ч. Последниот делпред врвот беше доста замрзнат и искачувањето и спуштањето го правевме доста претпазливо.Се спушивме до домот за околу 3ч.глечерот и уште некој дел и куолар ги скијавме но на некои места моравме ските да ги носиме на ранец. Следните неколку дена скијаме во ски центарот Гудаури прекрасно место со жичари кои водат до 3270мнв.

Имавме и неколку дена да ги искористиме за разгледување на Тбилиси и околината.Се враќаме во Македонија по истата релација како и што дојдовме со импресии од Грузија како прекрасна земја со многу планини со прекрасни терени за скитурно скијање кои мора повторно да се да се посетат.