Член во Планинарскиот Спортски Клуб може да биде секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, љубител на планината и природата.Од вас понатаму зависи дали ќе продолжите да се занимавате.Со планинарење рекреативно или професионално со цел да се постигнат поголеми високогорски успеси.

Зачленувањето во Планинарскиот Спортски Клуб се врши со пополнување на пристапница,односно со давање на членска книшка и плаќање на годишна членарина од 500ден.со вклучено осигурување,на сметка Примач: Пск. Димитар Илиевски-Мурато банка Комерцијална ж-сметка:300060000056778. Уплата за чланарина за 2017г. Или секој вторник во 20.00ч.во просторите на планинарскиот клуб на ул.Фуштани до кафич Радост каде можи да се добие подетални информации.

Секој нов член задолжително треба да помини основна планинарска обука пред да добие планинарска книшка.Клубот располага со планинарска литература која е достапна за секој член. За секој кој ќе се занимава со планинарење препорачливо е еднаш годишно да направи преглед во спортска медицина.