Како и во претходните години така и во 2016 година Планинарско Спортскиот Клуб "Димитар Илиевски- Мурато" од Битола бележи голем број успешни искачувања и активности. Како позначајни ги одделивме следниве експедиции и успеси на членови од нашиот клуб:

Во месец јануари, Наташа Бошковска, Иван Трпков и Виктор Калаузи го искачија врвот Ухуру на Килиманџаро на надморска висина од 5895 метри.Во месец мај 2016 година, искачување на врвот Тубкал на планината Атлас во Мароко на надморска висина од 4167 метри од Александар Ивановски.Во јули екипа составена од Иван Трпков, Александар Ивановски, Боби Цветков,Пеце Караболов и Миле Костадиновски ги искачи врвовите Казбек во Грузија (5033 мнв) и врвот Елбрус (5642 мнв), највисокиот врв на Кавказ, Русија и Европа. Како уште еден успех на наш член треба да се напомене и поминувањето на западната македонска траснверзала Љуботен – Охрид во должина од 225 км од страна на нашата членка и пријателка од Скопје Калина Велевска која беше единствена девојка во екипата која ја помина трансверзалата.

Август 2016, Саша Грбиќ учествуваше во екипа која се искачи на врвот Матерхорн и која беше прва македонска екипа која изведе траверсирање на Матерхорн, односно се искачија од италијанска страна и слегоа во Швајцарија.


Во октомври 2016 година, Ана Грбиќ беше дел од Првата македонска женска хималајска експедиција која го освои Мера Пик 6476 метри надморска височина-Непал. Успешно организирана по трет пат “Акција 8М“ , организирани клубски искачувања низ Македонија (Меденица, Јабланица, Бугарска Чука - Галичица) и активно учество на сите планинарски маршови, како и искачување на повеќе врвови во соседните балкански земји.
Битно да се напомене и нашето учество во реновирањето и оспособувањето во планинарски дом на Ловечката куќа “Широка“, заедно со Ски клубот SSNL и тоа претставува наша гордост. Организирани две крводарителски акции во соработка со “Црвен крст“ од Битола и службата за трансфузиологија – Февруари и Септември; Учество на фотографии направени од неколку членови на нашиот клуб на конкурсот за најдобра фотографија на ЕХО планински фестивал, како и освојување на прва награда за најдобра фотографија за сликата „On the frozen lake“ од Сашо Попоски.'