Викендот 24 и 25 Септември група од 4 планинари од нашиот клуб замина на планинарска тура кон северо-западниот дел на нашиот јужен сосед - Грција -на планината Тимфи - дел од планинскиот венец Пинд лоцирана, во регионот Загори Епир.Тука се наоѓа и познатиот кањон Vikos каде течи реката Voidomatis кон југозапад и се влива во реката Aoos која ги дели планините Тимфи соТрапезица.

Доста популарна дестинација, на околу 300км.одалеченост од Битола.Највисок врв е Гамила со 2497мнв. Поаѓаме од Битола во раните утрински часови после 3,30ч.возење поминуваме низ селото Мегало Папинго и стигнуваме во погорното село Микро папинго на околу 900мнв. од каде и почнуваме со пешачење.Селата Megalo и Mikro Papigo, села со прекрасни куќи од камен кои се пренаменети во хотелчиња и ресторани.


За неполни 3ч.стигнуваме во домот Астрака на 1950мнв. По добро средена и обележена патека со неколку чешми со вода и места за одмарање. Домот тој викенд беше преполн ние имавме навреме резервирано.Домарот не пречека ни ги објасни правилата за престој во домот: движење низ домот со папучи,светло се гаси во 22.00ч.секој си го слегува своето ѓубре итн. Ноќевањето е 13е.со планинарски книшки 11е.


Во домот се одмараме и се спремаме за денешната планирана тура, искачување до врвот Гамила 2497мнв.Патеката од домот се спушта надолу према двете повремени езера и после продолжува низ варовнички камења. Стрмна патека. Врвот се гледа на крај, кога ќе се наближиме.Од самиот врв прекрасни погледи кон Смоликас највисок врв на Пинд масивот 2637мнв. Грамос,езерото Драголимни,Трапезица.

Позади нас е врвот Астрака.Слегуваме по истата патека полека со уживање кон погледите кои се отвораат.Во домот се сместуваме, вечераме во собата со нафтена печка.После кратко време пристигнува група на планинари во постари години од Италија после запознавањето од каде сме што сме, стандарден моабет кај е Македонија зошто има и во Грција Македонија итн. Ама на крај Јован добро му објасна и поселе на сите му беше јасно.


Другиот ден Недела планирано беше качување до езерото Dragolimni- Змејското езеро на околу 2050мнв.Кај езерото бевме први и имавме прекрасен поглед на стадо диви кози кои пасеа трева околу езерото. Езерото е прекрасно од него се отвора прекрасен поглед во правец на највисокиот врв на планината Tymfi – Gamilа. Слегуваме од езерото кон домот Астрака каде ги паковаме останатите работи со план да се спуштиме во Папинго и од таму да продолжиме кон добро познатото место Метеори.

 

Во Метеори пристигнуваме на време за да го посетиме најголемиот манастир Monastery of Great Meteoron - голема метеора.Во вечерните часови после квалитетно исполнет викенд со ветување дека треба да се вратиме повторно на повеќе денови пристигаме во Битола.
Текст: Јонче Илиевски
Линк повеќе слики : Иван трпков