Едно доживување,ново и интересно. Ќе почнам по азбучен ред - Ането,Бубето, Катето, Кикето, Магдето, Натето. Со основна опрема за зимски услови и голем ентизијазам тргнавме на една маршрута која предвидуваше многу забава. Ноќно искачување на врвот Пелистер

, женската постава на ПСК „Димитар Илиевски –Муратот“, доволен мотив за нова авантура.Уште пред да заминеме од Битола во прашање беше доведено нашето поаѓање пред се заради силниот ветер на Пелистер, неговата брзина достигнуваше и до 90 км/ч. Но под инструкции на нашиот претседател заминавме во 15.30h сабота 02.02.2013 година. Нашето официјално искачување започна во 16h после заедничката фотографија. Уште на првиот пола сат се појави предизвик за понатаму , почнаа да се појавуваат жителите на планината, волци, кои не беа забележани од сите но кои ја задоволија својата љубопитност преку кратката средба од далеку и изчезнаа во шумата, диви свињи, стапалки од мечка, зајачиња итн. па во продолжение на патеката се слушаше само свирчето и ветерот. Во зависност на потребите на учесниците се застануваше одвреме-навреме, темпото беше умерено и за сите остварливо.

Во 19h веќе бевме пред „Ловечката куќа“, а таму светло. Група од четири другарчиња од Скопје беа намериле да го искачат врвот. Нивната зачуденост беше голема кога во тоа време не видоа нас. Додека се спремавме за нагоре, со совети упатени една кон друга за облекување на опремата, пиење на течност, внесување на шеќери, тие се чудеа како ќе се качуваме по тој ветер. Во 19.30h ја напуштувме куќата и заминавме по патеката.
Ветерот дуваше од Преспанско езеро во правец на Антена, беше силен, но не беше ладен. Со кратки чекори и повремено застанување, што за одмор, што за да се види чистото, ведро небо со сите соѕвездија на дофат, стигнаве до Седлото. Таму на големо чудење немаше ветер. Остваривме контакт со другите членови од клубот и ги известивме за состојбата на патеката. Со нови сили продолживме нагоре. Ветерот се засилуваше, сега дуваше од назад, а приближувајќи се до Антената силата му се зголемуваше се повеќе и повеќе, а правецот на дување се менуваше. Дуваше од страна па моравме да се престроиме во две колони за да не се троши силата при качувањето на оние на кои им беше прво вакво ноќно искачување. Бевме воодушевени од нашата организираност.


И ете пред вратата на Антената. Свирчето се слушна уште еднаш, успевме сите шест, среќни, вчудоневидени и благодарни што Пелистер не сака. Навистина ни се отвара секој пат и секој пат е ново доживување, лекција, искуство, нова среќа.
Добивме честитки и на големо изненадување „Златни медали“ подарени од претседателот. Фала за признанието, почестени сме и многу ни значи.
Со љубов за Пелистер,се гледаме следната недела J
Текст:Наташа Бошковска
Фото:Катерина Михајловска
Слики- https://picasaweb.google.com/106334989793324014281/ZenskiNaPelister?authkey=Gv1sRgCPenoOXQooCDTQ