1.Запознаја границата на своите способности:Лошата психичка и физичка кондиција и неправилната проценка на турата, може лошо да влијае врз самиот планинар и на сите други во групата па дури може да ги доведе сите во опасност.
2.Пред секоја тура добро припреми се: Добро проучи го местото на движење преку карти, слики и др. Време траење на турата, Временска прогноза, Одбирање на потребна опрема, Правилен избор на храна, Информирање на нашите најблиски или колеги планинари каде ќе се движиме.
3.Првиот половина час движи се пополека за телото да загрее.
4.На секој час конзумирај мала количина на храна и вода.
5.Никогаш не оди во планина сам посебно во зима.
6.Ако осетиш опасност врати се немој да ги тераш другите во непромислена опасност.
7.Секогаш во ранецот имај Компас,свирче,ноже,прва помош,челна ламба,запалка,капа,нараквици.
8.Не напуштај пријател во опасност.


9.Научи напамет како треба да се однесуваш во гужва при несреќа. Биди во стален тренинг за да издржиш кога ќе дојдиш во незгодна ситуација.
10. Не ја истакнувај ја својата кондиција,поготово да ги наговараш другите да ти се придружат во твоите самодокажување за брзо качување.
11.Во планинарството нема такмичење нема резултати награди се искачените врвови и прекрасните видици.
12.Секој член на групата го следи движењето на водичот на групата,дисциплинирано се движи и не испаѓа на секое од групата и не застанува на секој 2 чекор.
13.Таму каде грее сонце припреми се за дожд.
14.При движење да се настојува телото да биде исправено.
15.При средба во планина планинарите се поздравуваат .
16. Дај му предност на планинарот кој се качува.
17. Во средба со локалното население на местото каде поминуваш биди пристоен.почитувај ги нивните обичаи .
18.Не пали оган без потреба,ако палиш преземи ги сите мерки за претпазливост.
19. Ѓубрето не го расврлувај гоо наоколу земи го со себе или остави го на одредено место (долу од планината).
20.Почитувајго режимот на работа на националните паркови не ги раскинувај шумските плодови и цвеќиња нерационално,опмени ги и другите ако го прават тоа .
21. Планинарските засолништа и домови исчисти ги после твоето заминување .
22. При доаѓање во планинарски дом представи се на домарот и за време на престојот придржавај се на кукниот ред .
23. Не заборави да се запишиш во книгата за посети и обавезно запишиго твојот правец на