Турно скијањето во последно време е се популарно помеѓу љубителите на планината и на спортот т.е. станува се популарен облик на движење на планина во зимски услови. Човек кој пробал турно скијање после тоа тешко се одвојува поради тоа дека турно скијањето дава поприлично друг начин на возбуда од алпското скијање, а доживувањето е неповторливо.На прв поглед турно скијањето е мешавина од алпско скијање,трчање со скии и планинарење што на турно скијачот му дава разновидност во движењето и вистинско уживање во недопрените планинаски предели.
Некои љуѓе турно скијањето го споредуваат со скијање надвор од скијачки терени или Freeride скијање. Турно скијањето се разликува во самиот начин на искачување на успонот кој се изведува со сопствени сили и опрема значи без ски лифтови ратрак или др. со турно скијање можат да се искачат или поврзат повеќе врвови па потоа да се изведи спуштање со ски во долината.

За турно скијање се користи специјална турноскијашка опрема.Важен дел од опремата се ски везовите кој се специјално прилагодени да овозможат движење со скии.Кожите се дел од опремата тие се поставуваат на долниот дел од скиите и овозможуваат движење на угорници без пролизгување надолу.При скијање надолу кожите се вадат скивезовите се местат за опција скијање после тоа може да се скија нормално. Турно чевлите на првпат не се разликуваат од алпските но постои разлика турно чевлите се благо закосени и имаат механизам кој има две опции скијање и одење при опција одење,долниот дел ѓонот е гумиран за побезбедно чекорење и имаат полесен механизам за запетлување.Друга опрема штеки со поголеми крпљи за полесно движење во снегот,основен дел од опремата е ранецот во кој треба да има прибор за прва помош и поради тоа што турнирањето е во зима се носи потребната зимска опрема.Исто така се препорачува да се носи примопредајник кој во случај на лавинско затрупување можи полесно да се открие позицијата на скијачот.Друго сонда и лопата, сондата служи за пронаоѓање на затрупаниот а со лопатата полесно да се откопа.Кај нас ова опрема не се применува додека во Европа се општо прифатени правила.
Техника на движење
Техниката со турно скии е слична со нордиското скијање.При движењето скиите се во ширина со колковите со тоа се добива поголема стабилност.При движењето тежиштето на телото во поголем дел го поставуваме на ногата со која газиме и се оптеретва со цело стопало.Скиите не се подигаат туку се лизгат низ снегот грешка се прави кога скиите се подигат и се губи голем дел од силата.Ритамот треба да ни биде ускладен со движењето, при поравни патеки чекорот е подолг а при стрмни чекорот е пократок.Штеките се користат како кај нордиското скијање лева нога десна рака и обратно,штеките при равен терен ги користиме за рамнотежа додека на стрмнини за осигурување,при пострмни падини штеките се спуштаат пониско за да рацете не ни дојдат многу високо.

Покрај потребата од поголемо искуство за движење во снег и зимски услови, потребно е задолжително да се носи потребната опрема за лавинско затрупување и да се има голема свест и знаење за лавинските ризици кои постојат секогаш надвор од комфорните обележани зони на ски центрите.

Сонда, лопата, и лавински тракер Air bag ранец

Пелистер како планина нуди одлични услови за турнирање и скијање.Има повеќе патеки кои ги задоволуваат сите турно скијачи почетници и искуни .Во Битола турно скијањето има долга традиција.Во последните неколку години има доста нови рекраеативци. Членови од нашиот клуб се долгогодишни и доста активни турноскијачи кои учат и ги користат искуствата од постарите и искусните турно скијачи кои и се пионери на турно скијањето во Македонија.

 https://www.youtube.com/watch?v=mYejAFv7rJs