Да се занимавате со планинарство значи запознавање на убавините на земјата,откривање на сопствените духовни богатства и запознавање на внатрешните способности.Планинарењето не е само бесцелно лутање по планина и освојување на врвови, тоа е начин и стил на живот поврзано со низа на доброволни активности кој на современиот градски човек животот му го прават поубав, поздрав и поинтересен.Човекот не е само материјално битие и неговиот живот не се состои само од земање храна и натрупување на материјални вредности, човекот има потреба од и од духовен живот кој е основен покренувач на сите ментални процеси во нашиот организам.Има безброј начини и места каде што човекот можи да ја обнови својата духовна енергија,но одењето во планина тоа го прави на незамелив начин.
Со постепеното планинарење се стекнуваат некои особини кои понатаму се усовршуваат тоа се:

 

храброст,издржливост,истрајност,одлучност,самосталност и принципиелност.Како поим планинарството има широко значење и опфаќа повеќе области и тоа: рекреативно или излетничко планинарење од најобични излети во близина на местото на живеење, до спортско рекреативно планинарење , високогорство алпинизам,спортско качување,спелеологија и планинарска орентација.Со кои од планинарските спортови ќе се занимава некој човек зависи од неговите желби и неговите можности,но за сите е заедничка планината затоа што сите се одвиваат на неа.

Започнување со Планинарство
За успешно и безбедно занимавање со планинарсто треба да се започнува постепено првите искуства да се направат на пристапни терени и лесни планински искачувања, систематски и внимателно да се изучува планината и нејзините феномени, движењето на потешки патеки да биде со искусен планинар и да се искористи неговото искуство,или зачленување во планинарско друштво каде се добива соодветна планинарска обука.Внимателна подготовка на нашето тело со правилни физички тренинзи за совладување на напорите со кои ќе се соочиме при одењето на планина.После неколку години се стекнува планинарско искуство со кои ќе можеме и ние самите да организираме потешка планинарска тура,понатаму во зависност од наклонетоста и желбата можи да се специјализира во некоја од гранките на планинарството: алпинизам, високогорство,спортско качување, орентација,водичка служба и др.

Погрешно сваќање на планинарството
Кога просечениот човек го замислува планинарот обично пред себе замислува човек кој се поти,оптеретен со ранец,и се качува на врвови кои се одавна искачени се движи во опасни терени далеку од дома и сето тоа без некоја причина.Меѓутоа планинарот не е некој чуден мазохист,бидејќи за него искачувањето и примената на техниката на искачување не претставуваат некаква мака а физичката активност е повеќе средство и метода на планинарење него цел.Основна цел и содржина на планинарството е уживањето, при што физичкото и духовното одлично се надополнуваат.Покрај физичките напори кои се поврзани и со другите спортови, планинарењето не е спорт.Планинарот нема противник, а победата на еден човек не е пораз на другиот.Според тоа планинарството е усмерено кон доживување на природата , а не на докажување на сопствената сила и умешност.Она што е заедничко спортот и планинарство е само она што го викаме рекреација и физичка култура.


Кај нас не постои јасна граница за планинарството,и како резултат на тоа често планинарот се поврзува со рекреативците или излетници,со аргумент дека и едните и другите се движат во природата.Но за разлика од обичен излетник планинарот владее со одредена техника и познавање за движење во планина во планината се движи организирано и осмислено.Знаењето го стекнува во некој од планинарските клубови или училишта.формално планинар е е секој кој има планинарска книшка.Но во пракса планинар е оној кој оди редовно на планина,ја чува и штити планината и поседува одредено планинарско искуство. и за на крај да се напомни дека не е повреден планинар онај кој ќе искачи поголем и повисок врв,повреден е оној кој вистински ја сака планината и планинарењето и допринесува во развивањето на планинарството.
Некои текстови се преземени од книгата: Прирачник за планинарство(КонстатинЦиривири), Планинарство и алпинизам(Златко Шмерке) и http://www.plsavez.hr/planinarstvo/osnove-planinarstva/sto-je-planinarstvo/