Планинарскиот дом Широка се наоѓа на планината Баба на 1950мнв.под самиот врв Пелистер.Позната низ битолчани како ловечка куќа.Објектот долго време немаше услови да биде употребуван а во летните периоди го користеа само берачите на боровинки кои му служеше како место за преспивање и складирање на собраните боровинки.Со цел да се зачува објектот во целост и да се развива рекреативното планинарство и планинскиот туризам група ентузијасти членови на Планинарски Спортски Клуб "Д.И.-Мурато" и Ски и соубординг клуб "ССНЛ" од Битола започнаа со реновирање на објектот и негово оспособување за пристоен престој во него.Реновирањето започна 2016 год. со средства од спонзори и донации од љубители на планината.Реновирањето се уште трае но сега за сега има добри услови за пристојно сместување.
До Планинарскиот дом најлесно се стигнува од Инфо центарот на националниот парк Пелистер или поранешно место викано на Лазо вилата со старт од 1360мнв. должина на патеката е околу 9км. 2.30-3ч.по макадам пат можи да се дојди и со теренско возило а е идеално за со планинаски велосипед.

Трекинг информации/места за посета П.Д.Широка
ПД.Широка(1950м) - Врв Пелистер(2601м): 3.5км. 1.30 -2ч. маркирана патека.
П.Д.Широка(1950м.) -мало езеро(2180м.) - големо езеро(2218м) -Нижеполе(1170m): 12км.- 3-4ч.маркирана патека.
П.Д.Широка(1950м.)- врв Козји камен(2180):2.5км.1.30ч.-немаркирана патека.
П.Д.Широка(1950м) - с.Маловишта(1150м.): 9км. 3-3.30ч.маркирана патека.
Трекинг патека од С.Дихово - С.Курбиново - 40км.

Моментално П.дом располага со: 16 кревети една соба,трпезарија, затоплување на дрва,струја на агрегат,вода.

За сите заитересирани за ноќевање Обавезно е потребна предходна најава !
Контакт тел.за најава и инфо: 078 232 132 ; 070 373 457 ; 075 207 013.