Член во Планинарскиот Спортски Клуб може да биде секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, љубител на планината и природата кој доброволно ќе пристапи кон Планинарскиот Спортски Клуб.Зачленувањето во Планинарскиот Спортски Клуб се врши со пристапница,односно со давање на членска книшка и плаќање на годишна членарина од 500ден.
На сметка:Примач: Пск. Димитар Илиевски-Мурато. банка Комерцијална ж-сметка:300060000056778. Уплата за чланарина за 20..г. или во просторите на планинарскиот клуб каде можи да се добијат подетални информации, секој вторник во 20.00ч. на ул.Фуштани до кафич Радост.

 

 

Со уплатата од 500.оо ден. за годишната чланарина добивате:

  • Годишно осигурување за движење во планина до 3000мнв.
  • Основна планинарска обука.
  • Планинарска книшка.
  • Попусти за ноќевање во планинарски домови

Членство за лица помали од 18год. потребна е изјава и согласност од родител или старател.

 

                                                                         Планинарска Книшка
Пред да се стане полноправен член и да се  добие планинарска книшка секој член треба да ја помини и заврши основната планинарска обука во летни и зимски услови. Клубот располага со планинарска литература која е достапна за секој член. За секој кој ќе се занимава со планинарење препорачливо е еднаш годишно да направи преглед во спортска медицина.Планинарскиот Спортски Клуб Димитар Илиевски Мурато од Битола исто така е конститутивен дел од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.