Планинарскиот Спортски Клуб "ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО" од Битола е Здружение формирано со слободно здружување на граѓаните,заради остварување усогласување на своите заеднички цели и интереси и заради вршење на дејности и активности во планинарството.
Oсновачко собрание за прв пат е одржано во 1998 год. По иницијатива на постари планинари од Битола во спомен за Мурато регистрирано е како Планинарско друштво "Димитар Илиевски -Мурато"

Со текот на годините поради неактивност друштвото не функционираше, а подоцна и промените во законот кои се случија друштвото беше избришано од регистрите и беше потребно целосно реактивирање. Тоа се случи на основачкото Собрание кое се одржа на 15.02.2010г. во Битола. По иницијатива на Јонче Илиевски заедно со Саша Грбиќ и Стефан Петровски. Денес сме регистрирани како Здружение на граѓани Планинарски Спортски Клуб „Димитар Илиевски- Мурато“ и сме дел од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија.Нашиот клуб денес ја продолжува традицијата на спортско планинарење во Битола и Македонија.Клубот од основањето до денес има околу 50 членови од кои поголемиот дел се доста активни, меѓу нив има искусни ветерани планинари и околу 20 високогорци кои имаат качено врвови над 4000мнв. има и доста млади членови.

 

Посечната старост на членовите на клубот е 30г. За краток период од основањето членови на клубот имат доста успешни планинарски искачувања во земјата и надвор од неа Освен планинарските искачувања други активности во рамките на клубот се: организирање на изложби на слики, крводарителни акции,учество во доброволно чистење на Пелистер,промоција на Пелистер како туристичка дестинација,маркирање чистење на нови патеки како проектот Balkan hiking adventure.Некои поголеми планинарски и високогорски искачувања на наши членови се:

  • Монт Блан 4810м, Франција 2010,2012,2013,2014год.
  • Гран Парадисо, 4061м Италија 2011г.
  • Исланд Пик 6189м.Непал Хималаи 2011г.2014год.
    Олимп, 2918м Грција
  • Мусала, 2925м Бугарија
  • Пирин, Бугарија
  • Триглав, 2864м Словенија
  • Моунт Казбек 5047м Грузија 2012г.
  • Глосглокнер 3798м.Австрија 2012г.2015год.
  • Матерхорн 4478м.Швајцарија 2013г.
  • Килиманџаро 5895м. почеток на 2014г.2016год.
  • Пунта пениа Италија 2015год.
  • Елбрус 5642мнв. 2016год.

Денес нашите бројни активности се насочени кон инволвирање на млади планинари, нивна обука и тренинг за поголеми предизвици, без разлика дали ќе се бават со рекреативно планинарство или спортско планинарење, високогорство, како и зачувување на традицијата на предходните генерации планинари кои ја прославија Битола и Р.Македонија.

ЧЛЕНСТВО
Член во Планинарскиот Спортски Клуб може да биде секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, љубител на планината и природата кој доброволно ќе пристапи кон Планинарскиот Спортски Клуб.Зачленувањето во Планинарскиот Спортски Клуб се врши со пристапница,односно со давање на членска книшка и плаќање на годишна членарина од 500ден.со вклучено осигурување.
На сметка:Примач: Пск. Димитар Илиевски-Мурато. банка Комерцијална ж-сметка:300060000056778. Уплата за чланарина за 2017г.Или во просторите на планинарскиот клуб каде можи да се добие подетални информации.

Или секој вторник во 20.00ч.во просторите на планинарскиот клуб на ул.Фуштани до кафич Радост каде можи да се добие подетални информации.
Пред да стане полноправен член и да добие планинарска книшка секој член треба да ја помини и заврши основната планинарска обука во летни и зимски услови. Клубот располага со планинарска литература која е достапна за секој член. За секој кој ќе се занимава со планинарење препорачливо е еднаш годишно да направи преглед во спортска медицина.Планинарскиот Спортски Клуб Димитар Илиевски Мурато од Битола исто така е конститутивен дел од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.